12/22/2011

G-Shock & ДНК

ДНК, заштитни лица на G-Shock за Македонија !
DNK_G-Shock_MK_ambasadors

За прв пат во Македонија, еден од брендовите на Casio доби свое заштитно лице. Тоа се членовите на популарното Р&Б дуо ДНК, Панчо и Андреј кои од 01.09.2011 год. се стекнаа со статусот заштитни лица на G-Shock за Македонија.


G-Shock сосема природно им прилега, затоа што е неверојатно модерен, иновативен, издржлив и пристапен. Одговара на нивниот динамичен живот, а пастелните бои ја одразуваат личноста и расположението.


Како бренд амбасадори на G-Shock, ДНК ги носат часовниците во спотот на нивната најнова песна "Дада" која од 1 Септември се слуша во радио етерот, а на ТВ екраните се промовира и видео записот за истиот. Спотот е снимен на повеќе локации во Скопје меѓу кои се плоштадот Македонија, Луна парк, една од скопските раскрсници и ноќниот клуб Парадизо. Во спотот Панчо и Андреј промовираат повеќе модели на G-Shock, во разни бои, кои соодветствуваат на гардеробата и сценариото. Покрај Панчо и Андреј, атрактивните девојки и специјалниот гостин на ова видео издание на ДНК, синот на Панчо, седуммесечниот Андреј исто така носат G-Shock.


Р&Б дуото изведе спектакуларен концерт на 24ти септември 2011 во Метрополис Арената во Скопје. Таму беа присутни и My:time, така што заинтересираните можеа од прва рака да добијат информација за часовниците G-Shock.


My:time е брендот под кој настапува ланецот на малопродажни салони на Watch ID. Во овие салони се продаваат часовници од средна и висока средна класа.


Watch ID ја бира токму оваа multi-brand статегија со цел да има попрецизен пристап до целниот пазар, насочувајќи ве Вас, потрошувачите, кон салонот кој највеќе одговарана Вашите потреби.


Уживајте во разгледување на колекциите кои ви ги пружаат нашите брендови.


Следете го овој локатор за да дознаете каде можете да ги купите.