Претставник на една нова ера

Нов бренд во Watch ID
Jacques Lemans

Тенденцијата на премин од класичните часовници во модни додатоци и „фешн” брендови е главниот двигател на оваа индустрија во последните 20 години. Денес за прв пат во Македонија го имаме задоволството да ви го претставиме брендот кој изминатите две години од своето постоење бележи најбрз раст од сите конкуренти во неговата ценовна класа.

Застапен во повеќе од 120 земји, „Жак Леман” (Jacques Lemans) не е „фешн” бренд, иако без никаков проблем им конкурира и на најразвиените групации. Тој е производител на целосна колекција часовници создадена да ги задоволи и најпребирливите вкусови. Ова го докажува и неговото присуство во ланецот продавници за часовници и накит „Крајст” (Christ) како и во најпознатите стоковни куќи, германските „Карштад” (Karstadt) и „Кауфхоф” (Kaufhof).