За нас
Watch ID е компанија која потекнува од 90-годишна традиција на семејството Салџиеви:
- 1920 Стефан го изучува часовничарскиот занает
- 1928 го отвора првиот дуќан во Струмица
- 1960 Драган - отвора прв дуќан во Скопје * Стара Чаршија
- 1990 Стево - отвора дуќан во Мавровка
- 1997 дуќан во ГТЦ 1-ви кат
- 2006 дуќан во Рамстор Мол
- 2007 како компанија стануваат дистрибутери за Македонија на брендираните часовници: CASIO, ESPRIT, JACQUES LEMANS, FESTINA, CERRUTI 1881, SKAGEN, AXCENT,JACQUES FAREL, LANCASTER, JAGUAR, JET SET, SOLUS
- 2011 Драган, синот на Стево, се вклучува во семејниот бизнис
Брендовите кои ги застапува Watch ID се продаваат на повеќе од 20 продажни места низ Македонија: Скопје, Битола, Велес, Виница, Кавадарци, Кочани, Кичево, Охрид, Прилеп, Струмица, Штип.
На задоволство на клиентите, Watch ID располага со сопствен сервис за поправка на часовници.